Румер Вилис (32), ќерка на актерите Брус Вилис и Деми Мур, првпат јавно проговори за губењето на невиноста и ги шокираше сите со признанието дека тоа се случило со постар маж.
Таа вели дека во тоа време била тинејџерка и дека од денешна перспектива тоа не било баш во ред. Румер вели дека во тој период чувствувала срам затоа што сè уште била невина. Открила дека тоа го сторила со постар маж.
– Не бев малтретирана или силувана, но навистина не реков „да“. Не бев премногу возбудена заради тоа. Но, не реков ниту „не“. Само пуштив да се случи – рекла Румер, пренесува „Дејли мејл“.
Таа додала дека смета дека тој требало да провери како таа се чувствува и дека тоа е одговорност на мажот.
– „Не“ значи „не“, но што ако не можеш да кажеш „не“? – рекла Румер.