ЌЕРКАТА НА БРУС ВИЛИС ГИ ЗАБРЗА ПЛАНОВИТЕ ЗА ВЕНЧАВКАТА Сака татко ѝ да ја испрати до олтарот

Талула решила да ги забрза работите за да може нејзиниот татко, познатиот актер Бус Вилис да ја однесе до олтарот.

380

Најстарата ќерка на Брус Вилис, Талула Вилис, решила да ги забрза плановите за венчавка за да може нејзиниот татко да ја однесе до олтарот.

Имено, како што пренесуваат американските медиуми, Талула ќе ја забрза организацијата околу венчавката, за да присуствува и Брус, кој неодамна ја заврши актерската кариера поради болест афазија.






Талула се мажи за 33-годишниот режисер Дилон Бус. Сакале да ја одложат венчавката, но како што пишуваат медиумите, Талула се предомислила и решила да ги забрза работите за да може нејзиниот татко, познатиот актер Бус Вилис да ја однесе до олтарот.

– Најважно им тој е да е присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.

Инаку, Талула е една од трите ќерки кои Брус Вилис ги доби во бракот со актерката Деми Мур.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

Кон крајот на март беше објавено дека Вилис се повлекува од актерството поради дијагностицирана афазија.

„Сакавме да им кажеме на обожавателите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се оддалечува од кариерата која многу му значеше“, стои во пораката на семејството на актерот.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини