Џенифер Гејтс, 24-годишната ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, дала интервју во кое проговорила за својот живот и открила дека е свесна дека има привилегии кои повеќето луѓе ги немаат.
– Родена сум во многу привилегирана ситуација и мислам дека треба да ги искористам тие можности, да учам од нив за да го пронајдам работите што ме интересираат и да, се надевам дека светот ќе го направам подобро место – рекла Џенифер за „Сајдлајнс магазин“, магазин посветен на јавањето со кое ќерката на Гејтс се занимава од својата шеста година.
Џенифер открила и дека родителите ја поддржувале во сè додека растела и дека кон неа се однесувале како кон возрасна личност. Зборувала и за хуманитарната работа на нејзините родители и се пошегувала дека нејзината мајка еден период се грижела ‘малку повеќе да зборуваат за глобалната здравствена ситуација на семејната трпеза.
Признава дека токму тоа ја поттикнало и сама да се насочи кон медицината. Додала дека големо влијание на неа имал и нивниот семеен педијатар.
Денес, студира медицина во Њујорк и сака да стане педијатар или општ лекар. Во 2018 година дипломирала на Станфорд.
Џенифер е најстарата од сите три деца на Бил Гејтс. И покрај семејното богатство, Џенифер и нејзината сестра и брат во наследство ќе добијат само ‘минимален дел’.
– Моите деца ќе се образуваат и ќе мора сами да си изградат кариера. Толку пари би им ги уништиле животите. Во наследство ќе добијат минимален дел, колку да не се сиромашни, а за сè останато треба сами да се изборат – рекол своевремено Гејтс, кој голем дел од своето богатство дал во хуманитарни цели.
ФОТО: Instagram