Ќерката на Бил Гејтс прими вакцина против ковид-19: За жал, не го вгради мојот генијален татко во мојот мозок ФОТО
Џенифер Гејтс, ќерката на основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, во петокот ја прими првата доза на вакцина против ковид-19 и успеа да се пошегува на бројните теории на заговор за тоа.
„За жал, вакцината не го всади мојот генијален татко во мојот мозок – кога само мРНА би ја имака таа моќ“, напиша Џенифер на Инстаграм.
Нејзиниот татко се фокусираше во рамките на својата Фондација Бил и Мелинда Гејтс за подобрување на технологијата за развој на вакцини и долго време предупредуваше на можноста за вирусна пандемија, многу пред ковид-19 да се прошири низ целиот свет. Затоа Бил Гејтс стана централна фигура во антивацинашките теории за заговор.
Освен што се пошегува на сметка на нејзиниот татко, 24-годишната Џенифер, студентка по медицина, објави и фотографија со маска и налепница на која пишува дека ја примила вакцината.
„Јас сум повеќе од привилегирана да ја примам својата прва доза на мРНА за да ги научам моите клетки да додадат заштитен имунолошки одговор на вирусот. Како студентка по медицина, кој сака да стане лекар, благодарна сум што ова ќе ми даде заштита и сигурност во идната пракса. Ги охрабрувам сите повеќе да читаат и да го разгледаат тоа (вакцинирањето) за себе и за своите семејства кога ќе им се пружи можност. Колку повеќе луѓе се имунизирани, дотолку нашите заедници ќе бидат побезбедни за сите“, навела Џенифер.
Таа исто така им се заблагодари на сите што овозможија да се дојде до вакцина, јави Си-ен-ен.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм