Ќерката на Берни Еклстон направила сцена во ресторан, врескала на уредникот ФОТО

846

Тамара Еклстоун (35), ќерка на водечкиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун (89), се најде среде скандал. Како што јавува „Дејли мејл“, Тамара на почетокот на месецот му врескала на блогерот и уредникот на „Стипл тајмс“ Метју Стиплс, во ресторан во Челси, кој за нејзиниот татко рекол дека е „опасно џуџе “.

Тамара, наводно, му рекла на Стиплс дека е време тие да се пресметаат лице в лице по години на исмејување.






– Многу луѓе се појавија надвор, тука беа и нејзините телохранители. Таа ми рече дека сум одвратна личност затоа што го напаѓав нејзиниот татко. Еден од управителите на ресторанот излезе надвор и ѝ рече на Тамара да се смири – раскажал Стиплс за странските медиуми.

Стиплс ја повикал полицијата која се појавила во рок од три минути.

– Мислам дека еден од полицајците беше шокиран кога ја виде Тамара – рекол Стиплс.

Меѓутоа,, портпаролот на Тамара Еклстон ги отфрла тврдењета дека врескала.

– Поради неколкугодишно невистинито потсмевање, што ги доведе во голема неволја нејзи и нејзиното семејство, Тамара ја искористи ситуацијата кога го виде Метју и смирено понуди да ѝ каже сè што има во лице. Тој не го сакаше тоа и Тамара мирно си замина – рекол тој. Портпаролот рекол дека Тамара не го кревала својот глас ниту му се приближила на Стиплс и дека било непотребно да се јави во полиција.

Ecclestone napravila scenu u restoranu: Vrištala na čovjeka

FOTO: Instagram/Printskrin/24sata/hr

Поврзани содржини