ЌЕРКА ТИ ТРЕБА ДА СЕ ОПЕРИРА, ДАЈ 30.000 ЕВРА Измамена 86-годишна жена од Виница

508

Жена од Виница пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра, кое ѝ рекло дека ќерка ѝ треба да се оперира во Словенија, соопшти полицијата.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и ѝ кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума пари.






Според пријавеното, 86-годишната жена ги подигнала парите од банка и како што ѝ било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.

Поврзани содржини