„ЌЕРКА ТИ ЌЕ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР АКО НЕ ПЛАТИШ“ Ѝ зеле речиси 10.000 евра на 72-годишна скопјанка
Како што информира Министерството за внатрешни работи, измамникот ѝ се јавил телефонски и се претставил како полициски службеник, тврдејќи дека нејзината ќерка и зетот прегазиле дете во сообраќајка.
Седумдесет и двегодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од засега непознато лице, кое ѝ одземало 9.700 евра со измама поврзана со наводна сообраќајна несреќа.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, измамникот ѝ се јавил телефонски и се претставил како полициски службеник, тврдејќи дека нејзината ќерка и зетот прегазиле дете во сообраќајка.
Тој ја убедил дека, доколку не сака нејзините блиски да завршат во затвор, треба итно да уплати пари, што таа и го направила – оставајќи ја договорената сума на претходно одредено место.
Откако се слушнала со својата ќерка и разбрала дека несреќа не се случила, жената веднаш сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
МВР информира дека се преземаат мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.