📽️ ЌЕРКА МУ РЕЧЕ „ДА“, ОЗИ ОЗБОРН ГО ОПЦУ ЗЕТОТ Со нов брак заврши прошталниот концерт на легендите Блек Сабат
Кели, знаеш дека те сакам повеќе од сè на светот, изјави Сид Вилсон пред ќерката на Ози Озборн, непосредно пред да клекне. Но, тишината ја прекина шегата на таткото кој рече „еби се, нема да се ожениш со мојата ќерка“.
Со прстен на раката и шега од татко ѝ Ози телевизиската ѕвезда Кели Озборн се сврши со Сид Вилсон од хардкор метал бендот Слипкнот зад сцената на прошталниот концерт на Ози Озборн за „Блек Сабат“, јави Пејџ Сикс. Настанот се случи во Вила Парк, Бирмингем, пред најблиските пријатели и семејството.
– Кели, знаеш дека те сакам повеќе од сè на светот – изјави Вилсон, непосредно пред да клекне.
Но, тишината ја прекина татко ѝ со рокерска досетка:
– Еби се, нема да се ожениш со мојата ќерка – изјави Ози, 76, на што следеше смеа од присутните, вклучувајќи ја и Шерон Озборн.
Без двоумење, 40-годишната Кели кимна со главата и прифати, а Вилсон ѝ го стави прстенот на раката. Таа потоа објави видео на Инстаграм, пишувајќи:
Exclusive! Kelly Osbourne gets engaged with Slipknot member Sid Wilson! Backstage during Black Sabbath farewell concert, ALL IN FRONT OF OZZY & SHARON OSBOURNE! pic.twitter.com/KKVjTLGXEt
— Rock Photography (@Photomusicrock) July 6, 2025
„Да, и ова се случи вчера!“
Двојката се запознала уште во 1999 година, кога бендот на Вилсон настапувал на фестивалот Озфест. По 23 години пријателство, нивната врска прерасна во љубовна романса во 2022 година. Истата година, во ноември, го добија синот Сидни, кој сега има 2 години.
„Не можам да верувам каде завршивме! Ти си мојот најдобар пријател и сродна душа“, напиша Кели.
Пресвртот со романтично запросување на прошталниот концерт му даде неочекувана емоционална димензија на настанот, кој наместо збогување со легендарниот бенд Блек Сабат, стана нов почеток за младенците Кели и Сид.