ЕРИКСЕН СИ ЗАМИНА, АМА ЉУБОВТА ОСТАНА Данецот се збогуваше со Интер

Ериксен имаше валиден договор со Интер до 2024 година, но поради настанатата ситуација, двете страни направиле договор и Данецот ќе добие нешто ккао бонус од Интер по заминувањето.

702

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар на првиот натпревар за својата репрезентација на Европското првенство, денеска се збогуваше од актуелниот шампион на Италија.

Како што објавија италиајнските медиуми, Ериксен и Интер се разделиле во взаемен договор, откако италијанските закони му забранија на Данецот да игра фудбал во Италија поради проблемот со срцето.






Ериксен имаше валиден договор со Интер до 2024 година, но поради настанатата ситуација, двете страни направиле договор и Данецот ќе добие нешто ккао бонус од Интер по заминувањето.

Тој со тешки маки се збогуваше со своите соиграчи, со раководството на клубот и со навивачите, а тие му порачаа дека нивните срца секогаш ќе бидат со него и дека вечно ќе ги паметат головите што ги беше постигна за клубот минатата година.

Поврзани содржини