Ериксен се огласи од болница: Сакам да знам што се случило!

Во краткото соопштение објавено до „Газета дело Спорт“ преку неговиот агент Ериксен им се заблагодари на навивачите за поддршката и загриженоста и вети дека ќе дознае зошто доживеа толку ненадејна и сериозна итна здравствена состојба.

560

Кристијан Ериксен ја објави својата прва јавна изјава откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска на Евро 2020 со Финска, инсистирајќи на тоа дека „се чувствува подобро“ и „нема да се предаде“.

Ериксен колабираше на „Паркен“, па лекарите мораа да се борат за неговиот живот на лице место и за среќа сите вложени напори вродија со труд.






Во краткото соопштение објавено до „Газета дело Спорт“ преку неговиот агент Ериксен им се заблагодари на навивачите за поддршката и загриженоста и вети дека ќе дознае зошто доживеа толку ненадејна и сериозна итна здравствена состојба.

– Ви благодарам. Нема да се предадам. Сега подобро се чувствувам, ама сакам да знам што се случило. Би сакал да им за заблагодарам на сите за тоа што го направивте за мене – истакна Кристијан, а пренесува „Газета Дело Спорт“.

Поврзани содржини