Ериксен се јави од болница и упати порака до јавноста и соиграчите
Сега ќе навивам за моите соиграчи на следните натпревари. Играј за цела Данска – додаде Ериксен.
Утрово со голема возбуда фудбалскиот свет го дочека моментот кога играчот на Интер и се обрати на јавноста за прв пат, на Инстаграм …
– Здраво на сите. Ви благодарам многу за вашите неверојатни пораки за поддршка што ги добив од целиот свет. Тоа значи многу за мене и за моето семејство. Јас сум добро со оглед на околностите. Јас сè уште треба да поминем некои тестови во болницата, но се чувствувам добро – напиша тој.
– Сега ќе навивам за моите соиграчи на следните натпревари. Играј за цела Данска – додаде Ериксен.
Инаку тој сѐ уште е во болницата во Копенхаген, каде се вршат дополнителни тестови, и се прави обид да се најде причината поради која овој фудбалер падна како покосен на теренот, иако претходно немаше проблеми со срцето.
View this post on Instagram