ЕРИКСЕН МУ КАЖУВА ЧАО НА ИНТЕР Данецот се сели онаму каде што веќе играше
Како што објавија италијанските медиуми, фудбалерот на Интер дефинитивно нема да може повторно да го облече црно-синиот дрес поради вградениот дефибрилатор кој го следи ритамот на срцето, односно поради законот кој предвидува дека фудбалер во таква состојба не смее да игра фудбал во Италија.
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на Европското првенство, не се откажува од фудбалот и својата кариера ќе ја продолжи во првакот на Холандија, Ајакс.
Како што објавија италијанските медиуми, фудбалерот на Интер дефинитивно нема да може повторно да го облече црно-синиот дрес поради вградениот дефибрилатор кој го следи ритамот на срцето, односно поради законот кој предвидува дека фудбалер во таква состојба не смее да игра фудбал во Италија.
Италијанските медиуми сега јавуваат дека авантурата на Ериксен во Интер дефинитивно е завршена, па Данецот ќе ја продолжи кариерата во холандски Ајакс, каде што настапуваше од 2009 до 2013 година.