Ериксен може да сонува да игра пак за Интер и во Италија
Франческо Браконаро, член на лекарскиот одбор на Фудбалската федерација на Италија, потврди дека Кристијан Ериксен повеќе нема да може да игра во калчото.
Данскиот фудбалски интернационалец Кристијан Ериксен го шокираше и го загрижи целиот фудбалски свет на мечот Данска – Финска на ЕУРО 2020. Во текот на мечот тој доживеа срцев удар, па лекарите го враќаа во живот на самиот терен.
– Кога дефибрилаторот би бил изваден од телото на Ериксен, тоа би значело дека веќе нема опасност од болеста и тој би можел да игра фудбал повторно. Сепак, ова во пракса не се прави никогаш, апаратот останува како дел од организмот за да не се случи трагедија. Лекарите сигурно нема да ризикуваат и да го вадат од телото – изјави Франческо Браконаро, член на медицинската комисија при Фудбалската Федерација на Италија.
Сега, според изложеното, пред данскиот фудбалски ас се три опции:
– Да се прости од фудбалот и да ја заврши играчката кариера,
– Да оди на друга операција за да му го извадат дефибрилаторот, по што докторите ќе треба да му дадат дозвола да се занимава со фудбал на „Чизмата“,
– Третата опција е да го напушти Интер и да заигра за клуб во земја во која може да се настапува со сегашната негова здравствена состојба.
Ериксен сѐ уште се наоѓа во фаза на рехабилитација, но данскиот плејмејкер не крие дека планира штом се опорави да се врати на терените, но засега нема одлука од негова страна.