ЕРИКА КИРК ГО НОСИ КРВАВИОТ ПРИВЕЗОК НА ЧАРЛИ Вдовицата на активистот ги опиша последните моменти од неговиот живот
Ерика откри дека нејзиниот сопруг „имал претчувство дека може да умре од насилна смрт, што го споменал во кругот на блиски луѓе“.
Ерика, вдовицата на Чарли Кирк, вечерва на комеморатиниот настан по неговата смрт носи околу вратот ѓердан со привезок „Свети Михаил“ што го носел Кирк кога бил убиен.
Малата икона, со видливи траги од крв во вдлабнатината на крстот, била откината од вратот на Кирк од страна на медицинскиот персонал додека се обидувале да му го спасат животот откако бил застрелан на настанот „Turning Point USA“ во Јута пред помалку од две недели, изјави таа за „Њујорк тајмс“.
Ерика (36) откри дека нејзиниот сопруг „имал претчувство дека може да умре од насилна смрт, што го споменал во кругот на блиски луѓе“.
Таа призна дека Кирк добил бројни закани со смрт во текот на изминатата година, поради што морал да патува со месеци со тим телохранители.
Ноќта пред фаталното пукање на 10 септември, Ерика и Чарли вечерале со пријател, верски водач, во областа Феникс. Тие се сретнале да се помолат пред турнејата на Кирк, за време на која тој требало да посети околу дваесетина универзитетски кампуси.
Ерика се присети како и таа и еден пријател биле загрижени за безбедноста на Чарли, со оглед на тоа што неговите настапи честопати привлекувале контроверзии и поделена публика.
За време на таа вечера, Ерика го замолила својот сопруг да почне да носи панцир. Кога тој одбил, пријателот му предложил да зборува зад непробојно стакло.
– Сè уште не“, ѝ рекол Кирк, – се присетиува Ерика.
Додал дека се чувствува безбедно со својот тим и дека ќе има дополнително обезбедување на настанот во Универзитетот Јута Вали.
Таа рече дека шерифот ја советувал да не го гледа телото на нејзиниот сопруг откако бил застрелан во вратот.
-Со сето должно почитување, сакам да видам што му направиле на мојот сопруг – рече таа, потсетувајќи се на последниот бакнеж во болницата.
-Неговите очи беа полуотворени и имаше таа мудра, енигматична полунасмевка како Мона Лиза. Беше како да умре среќен. Беше како Исус да го спасил. Куршумот дојде, тој трепна и веќе беше во рајот – рече таа.
Ерика оваа недела беше именувана за нов претседател на Turning Point USA, организација што Чарли ја основал во 2012 година.