ЕРИК КЛЕПТОН ФИНАНСИРА АНТИВАКСЕРСКИ БЕНД Им позајмил и комбе за да одат на турнеја (ВИДЕО)

Основачот на „Jam for Freedom“ (Свири за слобода), Кембел Меклафлин, на почетокот мислел дека донацијата на Клептон е шега, но за списанието „Ролинг стоун“ изјави дека сфатил дека работата е сериозна кога добил порака од самиот Клептон.

376

Познатиот гитарист Ерик Клептон веќе подолго време се бори против вакцините и вакцинирањето, а откако летоска изјави дека нема да настапува на концерти каде што се бараат ковид-потврди, изненади со уште една работа: Клептон им дал 1.300 долари и свое комбе на членовите од британскиот бенд „Jam for Freedom“ за да настапуваат, пишува магазинот Ролинг Стоун.






Основачот на „Jam for Freedom“ (Свири за слобода), Кембел Меклафлин, на почетокот мислел дека донацијата на Клептон е шега, но за списанието „Ролинг стоун“ изјави дека сфатил дека работата е сериозна кога добил порака од самиот Клептон.

– Тоа беше нешто како: „Еј, Ерик, правиш одлична работа – рече Меклафлин за списанието.

Донацијата на Клептон дојде преку веб-страницата на групата GoFundMe минатата пролет. GoFundMe е една од најпопуларните онлајн платформи за јавно финансирање. Од бендот на крај се слушнале телефонски со Клептон, а тој им го понудил своето комбе за турнеи и непозната сума на пари за групата да купи нови тркала за комбето.

Клептон неодамна предизвика контроверзии кога рече дека нема да настапи на места за кои е потребна ковид-потврда. Клептон прими две дози од вакцината АстраЗенека, но рече дека претрпел „катастрофални последици“ поради несакани ефекти, пишува Ролинг Стоун.

Поврзани содржини