ЏЕРЕМИ РЕНЕР ОБЈАВИ ВИДЕО ОД БОЛНИЦА Отечен и со модринки им се заблагодари на сите (ВИДЕО)

Актерот Џереми Ренер објави видео од болницата на својата инстаграм-приказна, каде се опоравува од тешките повреди со кои се здоби во несреќа на 1 јануари.

371

Актерот Џереми Ренер објави видео од болницата на својата инстаграм-приказна, каде се опоравува од тешките повреди со кои се здоби во несреќа на 1 јануари.

Познатиот актер снимил како мајка му и сестра му дошле да го посетат и во објавата им се заблагодарил.






„Болница. Спа момент за подигнување на расположението. Благодарам мамо, ти благодарам сестро, благодарам на сите за сета љубов“, напиша актерот со видео на кое може да се види како лицето му е отечено од модринките кои ги доби во несреќата, а се гледа и маската со помош на која прима кислород за полесно да дише.

 


Да потсетиме, ѕвездата од филмовите на „Марвел“, Ренер му помагал на мотоциклист заглавен во снегот, кога го повреден плуг, објави претходно градоначалничката на Рено, Хилари Шиве, која е и пријателка на актерот.

„Во неделата на 1 јануари Ренер се обидувал да му помогне на возачот кој бил заглавен пред куќата на снежната страна на планината, кога бил прегазен од сопственото возило“, изјави градоначалничката пред неколку дена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини