Џеред Лето конечно откри дали ѝ дал мртов стаорец на Марго Роби ФОТО

490

Актерот и музичар Џеред Лето конечно одговори на гласините дека ѝ испратил мртов стаорец на својата колешка Марго Роби на снимањето на филмот „Suicide Squad“.

Со години се зборува дека Џеред Лето се обидел да се соживее во неговиот лик Џокер на снимањето на филмот, па поради тоа им правел разни трикови за своите колеги.






Едно од најбизарните е тоа што тој испраќаше мртви стаорци на актери и актерки, но сега негираше дека тоа некогаш се случило.

– Се забавувавме на снимањето, но никогаш не ѝ дадов мртва стаорец на Маргот. Напротив, ѝ дадов торта со цимет – рекол оскаровецот во неодамнешното интервју.

Марго Роби еднаш изјави дека добила црна кутија од Лето во која имало стаорец – кој, сепак, бил жив. Подоцна изјавила дека на почетокот ѝ било непријатно кога го видела, но дека подоцна го чувала како домашно милениче.

Инаку, Лето пред неколку дена објави дека повторно ќе го глуми ликот на Џокер во претстојниот филм.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини