ЕРДОГАН МУ „ЗАБИ НОЖ ВО ГРБОТ“ НА ПУТИН Крим да ѝ биде вратен на Украина, не ја признаваме анексијата
Ние не ја признаваме анексијата од страна на Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто така услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност. Кримските Татари се еден од домородните народи на Крим. Тие страдаа од настаните. Обезбедувањето на нивната безбедност и благосостојба е меѓу приоритетите на Турција, потцртува Ердоган.
Крим треба да ѝ биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во видеопораката испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“. Ова од анлитичарите беше протолкувано како „забивање нож во грбот на Путин“, кој има спротивен став.
– Ние не ја признаваме анексијата од страна на Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто така услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност и стабилност – истакна Ердоган.
Тој, на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се осврна на гаранциите за безбедноста и благосостојбата на кримските Татари.
– Кримските Татари се еден од домородните народи на Крим. Тие страдаа од настаните. Обезбедувањето на нивната безбедност и благосостојба е меѓу приоритетите на Турција. Во овој поглед, сакам да потсетам дека Турција очекува да бидат ослободени и што е можно поскоро и да се вратат кај семејствата заменик-претседателот на Националното собрание Нариман Џелал и неговите соборци, кои беа приведени поради нивното учество на првиот Самит на Кримската платформа – посочи Ердоган.
Тој додаде дека Турција ќе продолжи да биде на страната на украинската Влада и кримските Татари, како и оти ќе продолжи да прави напори за решавање на украинската криза.