ЕРДОГАН МУ ПОРАЧА НА ПУТИН ДЕКА ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА Aнкара нуди терен за нови разговори меѓу Косква и Киев

Aнкара повторно ја отвора вратата за мировни разговори и предлага ограничен прекин на огнот.

259

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција внимателно ги следи мировните напори за запирање на војната меѓу Русија и Украина и повторно понуди Анкара да биде домаќин на нова рунда разговори. Изјавата ја даде на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Ашхабат, на Меѓународниот форум за мир и доверба.

Ердоган и Путин разговарале за билатералните односи и за можностите за обновување на политичкиот дијалог меѓу Москва и Киев. Турскиот претседател нагласил дека секој чекор што води кон „праведен и траен мир“ е од огромна важност.






– Подготвени сме да бидеме домаќини на разговори во кој било формат, доколку тоа може да придонесе за прекин на огнот и за напредок што ќе биде корисен за двете страни – изјавил Ердоган.

Тој предложил воведување ограничен прекин на огнот, насочен кон заштита на енергетските капацитети и пристаништата, со цел да се намали ризикот од дополнителна ескалација.

На средбата станало збор и за ситуацијата на палестинските територии, конфликтот во Сирија и мировниот процес во Јужен Кавказ.

Поврзани содржини