ЕРДОГАН МОЛИ ЗА ПРОШКА Турскиот претседател им се извини на луѓето во Адијаман
Во првите неколку дена, во Адијаман, за жал, не можевме да ги извршиме (спасувачко-пребарувачките) работи со онаа ефикасност што ја посакувавме, поради деструктивниот ефект од земјотресите, негативните временски услови и тешкотиите кои настанаа поради оштетената инфраструктура. Молам за вашата прошка поради ова, изјави Ердоган денеска при посетата на градот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган призна дека турската владата не успеала да ги спроведе спасувачките и претресните напори по земјотресот „со посакуваната ефикасност“ и за возврат побара прошка, односно „благослов“ од луѓето.
– Адијаман е еден од градовите кои беа најпогодени од последователните моќни земјотреси и последователни потреси што ги доживеавме, а тоа е без преседан во светот. Во првите неколку дена, во Адијаман, за жал, не можевме да ги извршиме (спасувачко-пребарувачките) работи со онаа ефикасност што ја посакувавме, поради деструктивниот ефект од земјотресите, негативните временски услови и тешкотиите кои настанаа поради оштетената инфраструктура. Молам за вашата прошка поради ова – изјави Ердоган денеска при посетата на градот.
– Свесни сме за се и никој не треба да се сомнева дека го правиме и ќе го направиме она што е потребно. Со надминување на проблемите во првите неколку дена (по земјотресите), ги забрзавме напорите за спасување на нашите браќа во Адијман и напорите за помош – додаде тој.
Ердоган рече дека 6.013 граѓани, од кои повеќето живееле во центарот Адијаман, ги загубиле животите во земјотресите. Еден од нив беше пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Јакуп Ташин.
Турскиот претседател исто така рече дека по земјотресите половина од покраината е евакуирана во Истанбул.
Адијаман е една од 10-те провинции кои беа широко погодени од земјотресите од 6 февруари, со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Турската влада оттогаш се соочува со критики поради несоодветниот и бавен одговор во справување со последиците од земјотресот.