ЕРДОГАН ГО ПРЕМИСЛУВА ПУТИН ОД ВОЈНА Инвазијата е лоша идеја, а Украина е силна држава

Тој истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

1,813

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина.

– Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор – изјави Ердоган по државничката посета на Албанија.






Тој истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

– Украина е силна држава – нагласи турскиот претседател

Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји претставува „црвена линија“ што не смее да се премине.

Поврзани содржини