ЕРДОГАН ГИ ПРЕДУПРЕДИ ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ Ќе платите неверојатна цена поради изолацијата на Русија

Турскиот лидер претходно подвлече дека Западот на чело со Соединетите Американски Држави ја напаѓа Русија без никакви ограничувања, поради што Москва мора да се спротивстави.

1,008

Политичката изолација на Русија ќе доведе до сериозни последици за европските земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за телевизијата „Росија 1“.

– Цената ќе биде неверојатна. И Европа ќе плати најмногу за таа цена, заедно со Полска – рече тој.






Турскиот лидер претходно подвлече дека Западот на чело со Соединетите Американски Држави ја напаѓа Русија без никакви ограничувања, поради што Москва мора да се спротивстави.

Тој изјави дека нејзините акции во Украина не биле случајни, бидејќи им претходеле акциите на НАТО, пренесува телевизијата „Русија 1“.

Претходно Ердоган најави дека контактите меѓу шефовите на руската и американската разузнавачка служба во Туркије одиграле клучна улога во спречувањето на неконтролирана ситуација на теренот.

Поврзани содржини