Ердоган: Економијата ќе добие поткрепа од Владата

Во изјавата дадена по состанокот на владата, Ердоган исто така рече дека државата ќе ги олесни мерките за останување дома за оние над 65 години и под 18 години.

322

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  денеска изјави дека неговата Влада ќе обезбеди субвенции за зголемување на вработеноста и поддршка на индустријата да го одржи растот на извозот и производството, во услови кога економијата е погодена од корона-кризата.

Во изјавата дадена по состанокот на владата, Ердоган исто така рече дека државата ќе ги олесни мерките за останување дома за оние над 65 години и под 18 години.






Во Турција денеска, според порталот „Ворлдметерс“, се регистрирани 18 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.729.

Во исто време, бројот на новозаразени денеска се зголеми за 993, на вкупно 172.114 лица.

Поврзани содржини