ЕРДОГАН БИЛ НАРЕЧЕН „КАНАЛИЗАЦИСКИ СТАОРЕЦ“ Турскиот претседател ќе го тужи германскиот политичар Кубицки

Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец" додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер. Тој за агенцијата ДПА изјави дека „мирно чека евентуален правен спор“ со Ердоган.

253
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава против германскиот политичар Волфганг Кубицки, кој го нарече „канализациски стаорец”. Адвокатот Мустафа Каплан изјави за ДПА дека поднел кривична пријава во име на Ердоган до Државното обвинителство во Хилдесхајм за навреда и клевета.
Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец” додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер.
На прашање на ДПА, заменик-претседателот на партијата рече дека не е загрижен за можен правен спор со Ердоган.

– Во секој случај, мирно чекам евентуален правен спор – додаде Кубицки.

Анкара веќе го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Волфганг Кубицки.

Поврзани содржини