ЕРДОГАН БАРАЛ ОД ЗАЕВ ДА ИМАМЕ ТУРЧИН МИНИСТЕР Турските партии не сакаат министер за замолчување
Предлогот на Ердоган министер да биде поранешниот претседател на Уставниот суд, Салих Мурат, го отфрлиле турските коалициски партнери во влацата, зашто го барале ресорот култура, пишува Телма.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 5 јуни минатата година во Истанбул побарал од тогашниот премиер Зоран Заев да има министер Турчин во македонската влада, а го спомнал името на поранешниот претседател на Уставниот суд, Салих Мурат, пишува Телма.
На средбата на Ердоган со Заев присуствувале и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот министер за дијаспора и советник на премиерот за надворешна политика, Едмонд Адеми. За медиумите не биле споделени информации за што конкретно зборувале двајцата лидери.
Минатата недела турските медиуми во земјава објавија дека за министер се спомнувало името на Мурат, за што Заев и Ковачевски се согласиле, но за овој предлог против биле коалиционите партнери на СДСМ, Турската демократска партија (ТТДП) и Партијата за движење на Турците (ТХП).
Пратеникот и претседател на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим, на Фејсбук објави дека висок претставник од партијата на Ердоган побарал од него да го поддржи Салих Мурат да биде дел од македонската Влада.
„ Во новонастанатата ситуација која се појави по оставката на премиерот Зоран Заев, функцијата државен министер не ја донесовме ни на дневен ред како партија. Оти според нас министер без ресор 20 години им е даден на Турците за да ги замолчат. Предвиденото министерско место за Турците, без должност и овластување, само еден човек да зема висока плата, не им донесе никаква корист на Турците, а ние постојано се залажуваме“, пишува Ибрахим и додава дека приоритет на неговата партија било во новата влада да се добие функцијата министер за култура.