Ердоган ја затвора Турција до 17 мај

Oд карантинот ќе бидат иземени само производниот и прехрамбениот сектор. Дневниот број на новозаразени лица со коронавирусот би требало да се намали под 5.000 до крајот на исламскиот месец на постот Рамазан.

535

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска воведе целосно затворање на земјата до 17 мај, за да се стави под контрола зголемениот број на заборени од коронавирусот и починати лица како последица од оваа пандемија.

Ердоган по состанокот со својот кабинет појасни дека за секое меѓуградско патување  ќе биде потребно одобрение од власитите и дека сите школи ќе ја прекинат наставата со физичко присуство. Според неговите изјави од карантинот ќе бидат иземени само производниот и прехрамбениот сектор. Дневниот број на новозаразени лица со коронавирусот би требало да се намали под 5.000 до крајот на исламскиот месец на постот Рамазан.






Бројката на дневно инфицирани лица во Турција од коронавирусот на 16 април достигна 63.000, за да во неделата падна на 39.000 лица, додека земјата речиси катадневно изминатат недела бележеше повеќе од 300 смртни случаи.

 

Поврзани содржини