Ердоган ја прифати оставката на својот зет

349

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја прифати оставката на министерот за финансии, неговиот зет Берат Албајрак, соопшти денеска турското претседателство.

„Како резултат на проценката на нашиот претседател, беше прифатено барањето на министерот за финансии, Берат Албајрак, да поднесе оставка“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.






Се додава дека Ердоган изразил воодушевување од успехот што Албајрак го постигна за две години како министер.

Албајрак (42) вчера соопшти дека се повлекува од функцијата од здравствени причини.

Тој беше назначен за министер за финансии во јули 2018 година, а пред тоа беше министер за енергетика.

Албајрак е оженет со ќерката на Ердоган, Есра, со која има четири деца.

Поврзани содржини