ЕРБАСОВИОТ А320 НАЈПРОДАВАН АВИОН ВО СВЕТОТ Надминат рекордот на Боинг 737
Ова го покажуваат податоците на британската консултантска компанија Сириум според кои со вчерашната испорака на ербасовиот авион А320 на саудиската авиокомпанија Флајнас, бројот на испораки на овој тип авиони достигна 12.260 од неговото лансирање во 1988 година.
Патничкиот авион А320 на Ербас ги престигна испораките на Боинг 737 и го зазеде првото место на светската ранг-листа на најпопуларни патнички авиони во историјата.
Ова го покажуваат податоците на британската консултантска компанија Сириум според кои со вчерашната испорака на ербасовиот авион А320 на саудиската авиокомпанија Флајнас, бројот на испораки на овој тип авиони достигна 12.260 од неговото лансирање во 1988 година.
Раководството на Ербас не ги коментираше веднаш податоците собрани од британската консултантска компанија.
Боинг 737 ја држи титулата најпопуларен патнички авион од 1990 година.
Боинг и Ербас им испорачаа на клиентите вкупно повеќе од 25.000 авиони со тесен труп, кои првично беа дизајнирани да превезуваат патници од помали аеродроми до големи центри за воздушен сообраќај, а подоцна да влезат во флотите на нискобуџетните авиокомпании.
И двете компании треба да воведат нови модели во текот на следните десет години, но во понеделник на конференцијата ISTAT во Прага објавија дека нема да започнат со развој толку брзо бидејќи чекаат напредок во технологијата на моторите.
Од друга страна, Ербас планира да го прошири производството на моделот А320 во САД и Кина.