„ЕРБАС“ ЌЕ ПРОВЕРУВА 600 АВИОНИ А320 ПОРАДИ НЕКВАЛИТЕТНИ ПАНЕЛИ Дали „Визер“ во Скопје има од тие модели?
Овој проблем со панелот доаѓа само една недела откако илјадници авиони на Ербас беа приземјени за итна надградба на софтверот.
Авионскиот гигант „Ербас“ објави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ со метални панели што се користат на некои модели на А320. Оваа вест доаѓа само неколку дена откако илјадници авиони од ист тип беа приземјени поради итна надградба на софтверот, што влијаеше на „ограничен број“ авиони.
Европскиот производител на авиони вчера изјави дека има „конзервативен пристап“ и ги проверува сите авиони што би можеле да бидат засегнати, иако не се очекува сите да имаат потреба од поправки.
Според информациите што компанијата проблемот би можел да биде поврзан со околу 600 авиони А320.
– Изворот на проблемот е идентификуван, ставен под контрола и сите новопроизведени панели се во согласност со сите барања. Само инспекциите ќе утврдат каде авионите може да имаат панели со проблеми со квалитетот и какви соодветни мерки треба да се преземат – изјави портпарол на „Ербас“.
Овој проблем со панелот доаѓа само една недела откако илјадници авиони на „Ербас“ беа приземјени за итна надградба на софтверот. Откриено е дека интензивното сончево зрачење може да се меша со компјутерите за контрола на летот, а проблемот излезе на виделина по инцидент на лет помеѓу САД и Мексико, кога авионот одеднаш изгуби надморска височина, повредувајќи 15 лица.
Поради оваа ранливост на софтверот, повеќе од 6.000 авиони на „Ербас“ бараа итна надградба, што претставува едно од најголемите повлекување во историјата на авијациската индустрија. Ова предизвика големи прекини во воздушниот сообраќај и откажувања на летови низ целиот свет за време на последниот викенд во ноември.
Како резултат на овие настани, акциите на „Ербас“ паднаа за повеќе од 6,5% во последните пет дена.
Голем број авиокомпании ги користат авионите од типот А320 на Ербас – „Бритиш Ервејс“, „Американ Ерлајнс“, „Кориан Ер“, „Луфтханза“, „Делта“, „Визер“…
„Визер“ кој има своја флота и на аеродромот во Скопје пред една недела кога се појави проблемот со софтверот информира дека е извршено ажурирање на софтверите на сите авиони од фамилијата „ербас 320“ и дека сите летови се одвиваат без прекин. Засега не се знае дали некој од авионите на „Визер“ во Скопје го имаат новиот технички проблем.