Националната агенциија за образовни програми демантира дека училиштето „Ѓорѓи Наумов“ од Битола досега има добиено грант од „Еразмус“, објави ТВ 24.
Од Агенцијата рекле дека посетата не била во рамки на програмата „Еразмус“ ниту пак фондацијата „Бугарска меморија“ можела да биде партнер на македонската програма на „Еразмус“.
Ова доаѓа откако вчера директорката на Битолското техничко училиште Жанета Сервини тврдеше дека таа и нејзунуит заменик биле во Бугарија за да воспостават „Еразмус“ соработка со училишта во Софија..
На веб сајтот на фондацијата „Бугарска меморија“ вчера осамна дека млади од Битола биле присутни во Бугарија, без конкретно да се наведе од кое училиште се дојдени, а објавата неколку часа подоцна беше избришана.