ЕПСТИН ПЛАНИРАЛ ДА „ПОСЕЕ“ СОПСТВЕНА РАСА? Испливаа морбидни факти, барал жени да му „носат“ деца
Жената запишала дека се чувствувала како „човечки инкубатор“. Тврдела дека новородената ќерка ѝ била одземена 15 минути по раѓањето. Според написот на „Њујорк Тајмс“ од 2019 година, жртвата во 2002 година можела да има 16 или 17 години. Западните медиуми одново ја објавија сторијата откако беа објавени досиејата Епстин.
Уште една сенка паѓа врз досиејата на сексуалнит престапник Џефри Епстин. Новообјавени документи од Министерството за правда на САД отворија вознемирувачки факти. Во нив се појавува дневник на неидентификувана жена.
Таа тврди дека била малолетна и дека била принудена да носи дете за Епстин и за Жислејн Максвел, озлогласената соработничка на Епстин, осудена на 20 години затвор.
Веста ја пренесе Индепендент, заедно со неколку западни медиуми како Дејли Мејл, Мирор. Медиумите се повикуваат на објава на угледниот „Њујорк Тајмс“ од 2019 година.
„Супериорен генетски базен?!? Зошто јас? Нема смисла“, напишала неидентификуваната жена во дневникот, кој е испрскан со исечоци од списанија и слика од сонограм, се вели во објавата на „Њујорк Тајмс“.
„Зошто мојата боја на коса и боја на очи?“. Тоа звучи многу нацистички“, додала жртвата.
Според нејзините тврдења ова се случило во 2002 година. Жртвата тогаш имал 16 или 17 години.
Дневникот, долг 32 страници, опишува породување. Жената запишала дека се чувствувала како „човечки инкубатор“. Тврдела дека новородената ќерка ѝ била одземена 15 минути по раѓањето.
Според нејзиното сведоштво, за време на породувањето биле присутни лекар и Жислејн Максвел. Таа опишала кревет натопен со крв. Запишала дека Максвел ѝ рекла да ја оттурне болката.
„Ме силуваше Леон Блек“
Истата неидентификувана жена поднела тужба против познатиот инвеститор Леон Блек, еден од најмоќните луѓе на Волстрит. Таа тврдела дека била силувана на имот на Епстин. Блек ги негирал сите обвиненија. Не е обвинет за кривично дело.
Неговата адвокатка изјавила дека тврдењата се измислени, дека жената не се појавува во базата на жртви и дека адвокатската фирма што ја застапувала се повлекла од случајот.
Ново Мексико и идејата за „проект“
Во нарацијата од прво лице се појавуваат повеќе референци за Ново Мексико. Таму Епстин поседувал ранч во близина на Санта Фе. Уште во 2019 година беше објавено дека тој имал намера да го користи имотот за оплодување жени.
Целта, според извори и јавни записи, била „да ја посее човечката раса со својата ДНК“.
„Епстин, имаш син“
Никогаш јавно не е потврдено дека Епстин имал деца. Сепак, други документи од досиејата отворија нови прашања. Во електронска пошта од 2011 година, жена по име Сара му честитала за раѓањето на момче.
Во пораката стоело дека слушнала дека добил син, иако тие никогаш немале директен контакт.
Имиња што повторно се појавуваат
Во друга порака, хрватскиот инвеститор Борис Николиќ, извршител на тестаментот на Епстин, споменал жена по име Мете. Идентитетот не е разјаснет.
„Индепендент“ потсетува дека во досиејата се појавуваат и електронски пораки поврзани со норвешката престолонаследничка Мете-Марит. Сепак, не постои доказ дека двата случаи се поврзани.
Норвешката принцеза неодамна јавно изрази жалење за своите поранешни контакти со Епстин. Во меѓувреме, нејзиниот син е под обвинение за сексуални злосторства.
И Вирџинија Џуфре ја замолиле да носи дете?
Посмртните мемоари на Вирџинија Џуфре содржат слично тврдење. Таа напишала дека во 2002 година била замолена да носи дете за Епстин и Максвел.
Договорот го опишала како „современа слугинка“.