ЕПСТИН ОДНЕЛ „МНОГУ СЛАТКА“ РОМАНСКА МАНЕКЕНКА НА ВЕЧЕРА КАЈ ПРИНЦОТ ЕНДРУ Нови откритија од досиејата на педофилот поврзани со британското кралско семејство

Новите откритија од досиејата на Епстин фрлаат светлина врз претходно непознатата улога на млада Романка која била на приватна вечера со Џефри Епстин и принцот Ендру во Бакингемската палата во 2010 година.

1,076

Новите откритија од таканаречените досиеја на Епстин повторно го потресоа британското кралско семејство, а во центарот на скандалот е млада Романка. Станува збор за тогаш 20-годишна манекенка од Букурешт која била однесена од педофилот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин на приватна вечера во Бакингемската палата во 2010 година, каде што биле угостени од принцот Ендру.

Според протечените е-пораки, Епстин лично инсистирал Романката да биде додадена на списокот на гости, опишувајќи ја во порака до принцот Ендру како „многу слатка“.






Ендру, според документите, без двоумење одговорил: „Нема проблем“, објавува Дејли меил.

Вечерата се одржала додека кралицата Елизабета II била отсутна од палатата, а Романката била придружувана од уште три млади жени, вклучувајќи и една Русинка. Епстин подоцна ѝ пишал на Романката во приватна порака дека била пефектна и дека принцот Ендру ја сметал за убава, додавајќи реченица што е особено шокантна денес: „Ниту еден маж не гледа во вашата облека, тој гледа низ неа“.

Според достапните информации, младата Романка се сретнала со Епстин пред вечерата во куќата на Гислен Максвел во Лондон, од каде што со автомобил била однесена до Бакингемската палата.

Оваа куќа претходно беше поврзана со обвинувањата од Вирџинија Џуфре, која тврди дека таму била сексуално злоставувана како малолетничка – вклучително и наводна врска со принцот Ендру, што тој го негира со години.

Иако од документите не е јасно што точно се случило за време на вечерта во палатата, Епстин му испратил порака на Ендру следниот ден во која напишал: „Одлична забава“.

Романката истовремено му се заблагодарила на Епстин, опишувајќи го искуството како искуство што се случува еднаш во животот. Идентитетот на Романката не е објавен и таа сè уште не коментирала јавно дали била една од жртвите на Епстин. Нејзиното молчење поттикна шпекулации и загриженост, особено со оглед на добро документираната историја на Епстин за сексуално злоставување на млади жени.

Кралските биографи и правни експерти сега сè повеќе бараат од британската полиција повторно да ја отвори истрагата за принцот Ендру, додека се поставуваат прашања за тоа кој знаел за посетите на младите жени во кралските резиденции – и зошто никој не дејствувал.

Поврзани содржини