ЕПСТИН Е ЖИВ И СЕ НАОЃА ВО ИЗРАЕЛ?! Бившата на принцот Ендрју упорно шири неверојатна приказна

Да бидам искрена, дури и не мислам дека Џефри Епстин е мртов, изјави Лејди Викторија Херви во етер, додавајќи дека според неа постоел разработен план за бегство. Според нејзините тврдења, Епстин не се обесил, туку бил заменет со друго тело и извлечен од објектот со возило. Таа инсистира дека токму Израел е местото каде што се криел.

466

Контроверзата околу смртта на сексуалниот престапник Џефри Епстин повторно се разгоре, овој пат преку гласот на Лејди Викторија Херви, поранешна партнерка на Принцот Ендрју. Таа јавно изјави дека не верува оти Епстин починал во затвор, туку тврди дека бил извлечен и префрлен во Израел, пренесува британски Експрес.

Во разговор на радио, Херви кажа дека не ја прифаќа официјалната верзија за настаните во 2019 година и дека приказната за самоубиство е „неубедлива“. Нејзините зборови веднаш се проширија на социјалните мрежи и повторно ги активираа старите сомнежи.






– Да бидам искрена, дури и не мислам дека Џефри Епстин е мртов – рече Херви во етер, додавајќи дека според неа постоел разработен план за бегство.

Според нејзините тврдења, Епстин не се обесил, туку бил заменет со друго тело и извлечен од објектот со возило. Таа инсистира дека токму Израел е местото каде што се криел.

Смртта на Џефри Епстин во Метрополитен поправен центар во Њујорк беше прогласена за самоубиство додека чекал судење за трговија со луѓе. Настанот веднаш предизвика бран сомнежи, особено поради пропустите во обезбедувањето и контрадикторните информации од затворските служби.

Тогашниот државен обвинител Вилијам Бар ја опиша ситуацијата како „совршена бура од грешки“, по што неколку високи затворски функционери беа разрешени. И покрај тоа, официјалната верзија остана непроменета.

Теориите на заговор дополнително се хранат со анонимен пост на 4Чен, објавен пред официјалната потврда за смртта, во кој наводен чувар тврдеше дека телата биле заменети. Херви сега се повикува и на електронска пошта што се појавила меѓу т.н. досиеја на Епстин, тврдејќи дека укажува на сведок од внатрешноста на затворот.

– Видов една од тие пораки и мислам дека чуварот мора да биде испрашан – рече таа, повторувајќи дека нејзиното убедување е дека Епстин е жив.

Лејди Херви се појавува повеќепати во објавените досиеја поврзани со Епстин и тоа јавно го признава. Таа изјави дека присуството во тие документи го гледа како доказ за кругот на моќни луѓе со кои се движел финансиерот.

Иако нејзините тврдења не се воопшто поткрепени со официјални докази, тие повторно ја отворија дебатата што шест години не стивнува и покажаа дека случајот Епстин и натаму живее меѓу сомнежите, недовербата и теориите што упорно одбиваат да згаснат.

Поврзани содржини