ЕПСТИН БИЛ „СЛАТКА СТАПИЦА“ НА КГБ ЗА ЕЛИТИТЕ ОД ЗАПАДОТ Туск вели дека сè погласно се коментира дека предаторот бил дел од планирана операција
Полските служби веќе ги имаат првите полски траги во аферата околу подведувањето девојки на забавите на Епстин за елитата, конкретно станува збор за информација од Краков кон Џефри Епстин дека имаат подготвено група полски девојки и жени кои можат да му ги испорачаат.
Полскиот премиер Доналд Туск соопшти денеска дека полската Влада формира тим аналитичари кои ќе се занимаваат со полските траги во педофилската афера „Епстин“ во САД и предупреди дека сè повеќе експерти и коментатори во светот укажуваат дека постапките на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин биле „слатка стапица“ на КГБ за елитите на западниот свет, и тоа ќе биде и предмет на полска анализа.
– Знаеме дека Епстин ги чувал сите пораки, мејлови, документи, снимки и фотографии. Тој снимал влијателни западни лидери, претседатели, премиери, раководители на најголемите компании во светот. Сè повеќе коментатори и експерти веруваат дека е многу веројатно дека станува збор за операција подготвена од руското КГБ, таканаречена „слатка стапица“ за елитите на западниот свет – рече Туск денеска во Варшава пред владината седница.
Обвинителството и полските служби веќе ги имаат првите полски траги во аферата околу подведувањето девојки на забавите на Епстин за елитата, конкретно дека од Краков го информираат Џефри Епстин дека имаат подготвено група полски девојки и жени кои можат да му ги испорачаат.
– Како што знаете, тоа е афера без преседан. Како прво потребно е да се разјаснат полските траги во сатанскиот круг на Епстин. Ќе направиме сè за виновниците и можните жртви да видат дека полската држава работи, но и да ги обесштетиме жртвите доколку е потребно и ефикасно да ги казниме оние што ги извршиле овие кошмарни злосторства – рече Туск.
Втората причина, според полскиот премиер, е тоа што аналитичкиот тим, во соработка со министерот за правда, генералниот обвинител и министерот за координатор на разузнавачките служби, по анализата ќе разгледа дали да покрене истрага за сомневањето дека зад аферата Епстин стојат руските разузнавачки служби.