ЕПСТИН ОРГАНИЗИРАЛ „АРАНЖМАНИ ЗА УКРАИНКИ“ ОД МОДНИ СТУДИЈА? Планирал да купува имот, имал фаворит меѓу „олигарсите“

Во 2019 година разговорите се префрлиле на украинската претседателска кампања и на средбите меѓу Петро Порошенко и Володимир Зеленски. Во мај, Епстин побарал од соговорничка да почне да ја следи украинската политика, со аргумент дека тоа ќе ѝ донесе иден успех.

287

Сексуалниот претстапник Џефри Епстин стоел зад мрежа што во документите се појавува како „аранжмани за Украинки“, со патувања, контакти и недвижности поврзани со Киев, Одеса и со Лавов.

Американското Министерство за правда објави повеќе од 3.000.000 документи за покојниот финансиер и осуден педофил, а дел од нив отвораат директни траги кон Украина, објави Киев Индепендент.






Мрежа со агенции, избор на жени и патувања

Електронската преписка наведува контакти со две модни агенции од Киев. Во една порака анонимен испраќач ги оценувал како „најдобри“, со дополнување дека други мали агенции биле „евтини ескорт агенции“, со најава дека ќе се најдат контакти ако е потребно. Во истата нишка се разменувале фотографии, со селекција на жени што му се допаѓале на Епстин.

Посебна порака ги содржи контактите на Јулија Киселева, со тврдење дека располага со околу 400 девојки за модни и брачни агенции во Киев. Управителката на една од агенциите, Маша Манјук, за медиумот изјави дека комуникацијата била стандардна и транспарентна и дека не знаела за врските меѓу познатиот моден агент и осуденик Жан Лук Брунел и Епстин.

Другата агенција, преку ко-сопственикот Стас Јанкелевски, негира каква било вмешаност во придружба или слични активности.

Руски ТАСС, пак, напиша дека името на актуелниот претседател на Украина Володимир Зеленски во документите се споменува над 1.000 пати и во дел од нив поврзано со името на Лук Брунел, кој беше обвинет за трговија на луѓе од Украина.

Наводно, во е-пошта, некој го прашал Зеленски дали планира да ја сопре оваа трговија.

ЌЕ ГО СПРЕЧИТЕ ЛИ ШВЕРЦОТ НА ЛУЃЕ ОД УКРАИНА Зеленски и француски осуденик на пик во досието Епштајн?

Летови, хотели и логистика

Пораките вклучуваат закажувања на десетици повратни летови кон Киев и Одеса. Во април 2011 година се појавуваат опции за лет од Њујорк до Киев преку Москва со „Aeroflot“.Документите наведуваат и престои во петѕвездениот хотел Hyatt Regency Kyiv.

Поранешната асистентка на Епстин, Лесли Гроф, во 2012 година пишувала дека соба била резервирана со посредство на Томас Прицкер, врска што се појавува и во претходни досиеја.

Во 2018 година се појавува нова координација на повратни патувања, со Одеса како дестинација. Во една порака жената била информирана дека е договорен стан за еднонеделен престој.

Во друга, американскиот претприемач Брок Пирс му пишувал дека „брод полн со неверојатни украински убавици“ го чека во Антигва, при што Пирс се наведува како коосновач поврзан со Tether.

Недвижности во Лавов

Досиејата содржат обемна преписка од 2017 година за купување вила во Лавов. Во разговорите учествувале Епстин, украинска трговка со уметност, сметководител и агент за недвижности. Објектот бил купен во 2015 година за 128.500 долари преку компанија регистрирана во САД, а потоа пренесен на ќерка му со план да се регистрира како имот на компанијата.

Во пораки се споменуваат идеи за користење, меѓу кои и студио за пилатес. Во една размена Епстин коментирал дека продавачката била „криминалец“ и се прашувал дали избегала од Украина.

Политика, избори и „огромни пари“

Во 2019 година разговорите се префрлиле на украинската претседателска кампања и на средбите меѓу Петро Порошенко и Володимир Зеленски. Во мај, Епстин побарал од соговорничка да почне да ја следи украинската политика, со аргумент дека тоа ќе ѝ донесе иден успех.

„Да, смешно е, но тоа е софистицирана корупција. Ќе има огромни пари за заработка. Огромни. Би сакал да те видам како жена олигарх“, напишал Епстин.

Во јуни истата година анонимен испраќач навел дека ќе го посети Зеленски, со споменување на Лери Самерс во разговорите.

Постојат и пораки со тогашниот словачки шеф на дипломатијата Мирослав Лајчак за исходот од изборите, со проценка дека Русија го мрази Порошенко и дека победата на Зеленски можеби нуди излез од конфликтот, но и сомнеж во неговиот капацитет.

Поврзани содржини