🎥 ЕПЛ МАРТИН ЗА БОРБАТА СО АКНИТЕ „Мама ги вклучи сите свои „Гуп“ луѓе во решавање на мојот проблем со кожата“  

Ќерката на Гвинет Палтроу откри дека најтешките проблеми со кожата ги имала за време на ковид-пандемијата, а призна и дека еднаш ставила филер во усните

1

Ќерката на Гвинет Палтроу и фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин, 21-годишната Епл Мартин, отворено проговори за својата борба со акните и влијанието што тие го имале врз нејзината самодоверба.

Во видео за рубриката „Beauty Secrets“ на Vogue, Епл откри дека нејзината мајка се обидела да ѝ помогне користејќи ги контактите од својот бренд Goop.






– Моите акни не беа баш луди, но дефинитивно ми влијаеја на самодовербата – вели таа во видеото. Со доза хумор додава дека мајка ѝ „дефинитивно ѝ давала совети“ и ги прашувала „сите свои супер ‘Goop’ луѓе“ каде треба да оди на третман.

Епл признава дека повеќепати посетувала дерматолог и дека со тек на време сфатила колку е важно да се пронајде едноставна и смирена рутина за нега на кожата, да се пие многу вода и – најважно – да не се создава дополнителен стрес. „Колку повеќе се стресираш околу тоа, толку полошо станува“, вели таа.

Најтешкиот период, открива, бил во 2020 година, за време на ковид-пандемијата, кога барем можела „малку да се скрие“. Денес, пак, гледа поопуштено на проблемот.

– Јас сум човек. Што ако ми се појави мозолче? Тоа не е крај на светот – порачува таа, додавајќи дека секој е и понатаму убав, дури и кога ќе се разбуди со ново несовршенство.

Во друго видео за „Vogue“, Епл се осврна и на гласините за естетски корекции.

– Време е да бидам искрена – вели таа, признавајќи дека еднаш ставила филер во усните кога имала 18 години.

– Мислев дека е преголем. Луѓето мислат дека имам премногу филер, но јас само често ги ‘прчам’ усните и ставам многу молив за усни – објасни таа.

Епл Мартин го привлече вниманието на модната јавност уште во јануари 2023 година, кога дебитираше на модната сцена за време на Неделата на модата во Париз, седејќи во првиот ред на ревијата на Chanel облечена од глава до пети во креации на модната куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Поврзани содржини