Руската антимонополска агенција (ФАС) соопшти денеска дека го казнила американскиот технолошки гигант Епл со рекордни 12 милиони долари поради „злоупотреба на доминантната положба“.
– ФАС го казни Епл со 12 милиони долари поради злоупотреба на доминантната положба во дистрибуција на мобилните апликации на iOS оперативниот систем – се наведува во соопштението на тој регулатор.
Руската агенција додава дека дистрибуцијата на Епл на мобилни апликации преку iOS оперативниот систем резултирала со давање предност на сопствените производи.