„Епл“ и „Гугл“ работат на систем за откривање на заразени од Ковид-19
Слични технологии се користат во азиските земји како Сингапур, но корисниците морале да доставуваат информации за нивните движења и контакти до владите.
Технолошки гиганти „Епл“ и „Гугл“ соопштија дека заедно работат на изработка на децентрализирана алатка за пронаоѓање контакти што ќе им помогне на поединците да утврдат дали биле изложени на некој со Ковид-19.
Решението ќе биде достапно за сите корисници на Android и iOS и секој ќе може да избере дали да ги сподели своите податоци со другите корисници.
Слични технологии се користат во азиските земји како Сингапур, но корисниците морале да оставуваат информации за нивните движења и контакти до владите.