Епидемиолошките мерки ги натераа Норвежанка и Швеѓанин да се венчаат на граница
Парот на шеесетгодишници од пролетта нестрпливо го чекаше крајот на ограничувањата за патување меѓу двете земји.
Поради мерките воведени против епидемијата на коронавирус Норвежанка и Швеѓанин одлучиле да се венчаат на самата граница меѓу двете земји.
– На почетокот тоа беше само шега – изјави Хајди Каролин Нистром која во недела се венча со Вилијам Лисел.
Парот на шеесетгодишници од пролетта нестрпливо го чекаше крајот на ограничувањата за патување меѓу двете земји.
Во Норвешка и понатаму важат строгите услови за патниците кои одат во југозападна Шведска каде што двајцата живеат.
Тогаш рековме:„Зошто не се венчаме на граница?“ – изјави невестата која сакала кума на нејзината венчавка да биде нејзината мајка, бидејќи нејзе не и се заканува карантин оти живее на норвешката страна од границата.
Венчавката се одржа на стариот мост 100 километри јужно од Осло. На венчавката присуствуваа неколку гости и музичари, а се одвиваше под многу строги протоколи .
– Немаше бакнување освен моето со Вилијам. Дури ни мојата мајка не ја гушнав – додаде невестата.