ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА СЕ ВЛОШУВА Филипче повикува на максимално почитување на мерките

Министерот вели дека менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки.

550

Епидемиолошката состојба  од ден во ден станува се посериозна. Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки.

Ова е утврдено на  утринскиот состанок  министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова.






На состанокот се разгледувала епидемиолошката состојба во земјата. При тоа е констатирано дека процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Информацијата утрово ја сподели министерот на својот фејсбук профил.

„Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“, напиша министерот.

Поврзани содржини