„Епидемиолошката ситуација во Србија е заканувачка“

Директорката на српскиот Институт за јавно здравје, Верица Јовановиќ, потсети дека вчера, од околу 12.000 тестирани лица, повеќе од 2.400 имале позитивен тест за присуство на новиот коронавирус, што, според неа, е висок процент.

279

Моментната епидемиолошка состојба во Србија е заканувачка, поради што е потребна пообемна контрола на употребата на заштитни мерки, истакна денеска директорката на српскиот Институт за јавно здравје, Верица Јовановиќ.

Таа потсети дека вчера, од околу 12.000 тестирани лица, повеќе од 2.400 имале позитивен тест за присуство на новиот коронавирус, што, според неа, е висок процент.






– Најмногу случаи се регистрирани во Белград, следат Нови Сад и Крагуевац, а голем пораст на бројот на новозаразени има во Ваљево и Краљево. Околу 15 отсто од новите случаи бараат болничко лекување, а само вчера имавме 400 хоспитализирани, што претставува голем ризик – предупреди Јовановиќ.

Таа апелираше до граѓаните да држат физичко растојание и да избегнуваат собири наведувајќи дека со тоа му помагаат на здравствениот систем кој на тој начин ќе биде достапен за нив на поквалитетен начин.

Поврзани содржини