Епидемиологот Кон: Во Србија почна четвртиот бран, врвот го очекувам за шест недели

Во следните два месеци ќе имаме бран, прашање е само колку нагло ќе биде искачувањето. Меѓутоа јасно е дека го поминавме прагот, треба да се навикнеме на трицифрени бројки, се надевам само дека нема да бидат четирицифрени – изјавил српскиот епидемиолог Кон.

965

Четвртиот бран на коронавирусот иако го очекувале есенва, во Србија практички веќе е почнат и само е прашање колкав ќе биде интензитетот и колку ќе трае, вели д-р. Предраг Кон, главен српски епидемиолог и додал дека силината на бранот ќе зависи од однесувањето на граѓаните.

– Тврдењето дека се соочуваме со нов удар на епидемијата на ковид-19 се темели на сè што научивме за неа, за времето на инкубација, опфатот на вакцинацијата, кој тешко ќе се промени. Јасно можете да видите што не очекува на примерите на Велика Британија и Израел, стапката на репродукција јасно покажува дека бројот на заразени се зголемува од недела во недела, тоа ќе се случи и кај нас, бројот ќе се зголемува во зависност од нашето однесување – вели Кон во гостување на телевизијата Нова С.






Тој детално објаснил што предвидува во следните недели и месеци.

– Колку што се однесуваме поопуштено, брзината на раст ќе биде се поголема и се побрза. Значи брзо ќе расте бројот на новозаразени. Во таков случај за шест недели очекувам максимум, а вкупно овој бран би траел и подолго бидејќи треба време за да се спушти кривата – додал Кон.

Иако се очекуваше мирно лето, изгледа дека тоа нема да се случи.

– Во следните два месеци ќе имаме бран, прашање е само колку нагло ќе биде искачувањето. Меѓутоа јасно е дека го поминавме прагот, треба да се навикнеме на трицифрени бројки, се надевам само дека нема да бидат четирицифрени – изјавил српскиот епидемиолог

Кон смета дека во текот на летото не би требало да има заострување на мерките.

– Некои нови мерки летово не очекувам. Потсетувам, дозволени се собирања до 500 луѓе, а за сè останато треба дозвола. Тоа не може да се забрани, има голема потреба за забава, музика, тука има и егзистенцијални потреби. Ќе мора да следиме и да ги видиме последиците, секој масовен собир е ризик, за невакцинираните тој е неприфатлив, за нив ризикот е 30 пати поголем. Слично е и со свадбите и со другите забави во цела Србија – вели Предраг Кон.

Поврзани содржини