Епидемиолог: Ризикот од тромбоза е многу поголем кај заразените отколку кај вакцинираните
Ова значи дека околу 40 пациенти со ковид, 153 од нив кои се моментално во словенечки болници, можат да сметаат на тој ризик - додаде епидемиологот Логар.
Ризикот од згрутчување на крвта кај пациенти со ковид-19 е далеку поголем отколку кај вакцинираните против оваа болест, изјави денеска словенечкиот епидемиолог Матеја Логар, која го предводи стручниот совет на словенечката Влада.
– Додека следењето на вакцинираните покажа дека ризикот од згрутчување на крвта што може да предизвика венска тромбоза или белодробна емболија со вакцината „Астра Зенека“ е многу мал или еден случај на милион вакцинирани, во Словенија сериозни тромбоемболиски компликации се јавуваат кај околу една четвртина од пациентите третирани со ковид – 19 во единиците за интензивна нега на словенечките болници – рече Логар.
Таа на прес-конференција одговори на прашањето за создадената недоверба во јавноста во врска со вакцината на британско-шведската компанија, поради што дел од купените вакцини сè уште останува неискористен.
– Ова значи дека околу 40 пациенти со ковид, 153 од нив кои се моментално во словенечки болници, можат да сметаат на тој ризик – додаде епидемиологот Логар.