Епидемијата ги „испразнила“ банкоматите во Словенија

Така, на почетокот на епидемијата, односно во периодот од февруари до 13 март во просек дневно се правеле по 650.000 трансакции во вредност од околу 20 милиони евра.

849

Банката на Словенија објави дека за време на епидемијата на коронавирусот значително се зголемиле повлекувањата на готовина од банкоматите ширум земјата. Според податоците на банката зголeмување има во сумата подигнати пари, но намалување се бележи во бројот на трансакциите. Тоа значи дека Словенците поретко оделе до банкоматите, но кога го правеле тоа подигнувале поголема сума готовина.

Така, на почетокот на епидемијата, односно во периодот од февруари до 13 март во просек дневно се правеле по 650.000 трансакции во вредност од околу 20 милиони евра. До крајот на епидемијата просекот на подигнување готовина од банкоматите паднал на 474.000 дневни трансакции во вредност од 17 милиони евра, покажува анализата на Банката на Словенија.

Поврзани содржини