„ЕНВЕР ХОЏА Е СИМБОЛ НА АНТИФАШИСТИЧКИОТ ОТПОР“ Левица вели дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ слават крвници како што се Ванчо Михајлов и цар Борис Трети

Не е за изненадување реакцијата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како партии кои ги слават крвниците на македонската нација како Ванчо Михајлов и цар Борис Трети и се обидуваат да ја избришат жртвата на македонските партизани и нивната борба против фашистичките окупатори, реагира Левица.

262

Целта на посетата на вечното почивалиште на албанскиот комунистички државник е за подавање рака за соработка помеѓу Левица и младите албански левичари. Нив во овој момент ги потиснува клеро-фашистичката политичка култура на сецесионизам и деструктивност која се наметнува преку партиите на албанското малцинство во Република Македонија, објаснува Левица по бројните реакции што ги предизвика нивната посета на гробот на Енвер Хоџа.

„Енвер Хоџа е симбол на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација – затоа и не е за изненадување реакцијата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како партии кои ги слават крвниците на македонската нација како Ванчо Михајлов и цар Борис Трети и се обидуваат да ја избришат жртвата на македонските партизани и нивната борба против фашистичките окупатори. Левица, како последна кочница пред бугаризација и федерализација на Република Македонија нема да дозволи да се исполнуваат туѓи агенди за повторно поробување на државата под фашистичко влијание преку рехабилитација на нашите историски непријатели како врховистите и балистите“, се наведува во реакцијата на Левица.

 






ЖАРИ И ПАЛИ ПОСЕТАТА НА ЛЕВИЦА НА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА „Кај Кастро, Пиноче и Живков кога ќе се поклоните?“ – бројни реакции за посетата

Поврзани содржини