Холивудската и светска актерска легенда, сер Ентони Хопкинс, на неговиот профил на Твитер сподели видео од предизвик за танцување и ги повика колегите Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер да му се придружат.
Легендарниот актер направи предизвик на платформата „Тик Ток“, а потоа ги покани своите колеги да се приклучат.
Во видеото, тој зазема став во боксот и го повикува Стaлоне на борба. Хопкинс, кој беше номиниран за Оскар оваа година за улогата на папата Бенедикт XVI во „Двајцата папи“, а и освои еден Оскар во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“, подоцна ја искористи познатата реченица на Шварценегер од филмот „Терминатор“.
– Арнолд, ќе се вратам – рекол славниот актер.
#Drake I’m late to the party… but better late than never. #SylvesterStallone #ArnoldSchwarzenegger #toosieslidechallenge pic.twitter.com/LU6FhmgvNK
— Anthony Hopkins (@AnthonyHopkins) May 7, 2020
ФОТО: Твитер