Енрике Иглесијас потврди дека неговиот очув починал од коронавирус ФОТО

1,887

Шпанските медиуми јавија дека починал очувот на поп-пејачот Енрике Иглесијас. Осумдесет и тригодишниот Карлос Фалко бил хоспитализиран минатата недела, но, за жал, ја загубил битката со коронавирусот.

Недолго потоа се огласи и Енрике со емотивна фотографија на својот инстаграм-профил.






„Минуваме низ многу тежок период и оваа ситуација зафати голем број луѓе, вклучувајќи го и моето семејство. Време е да останете дома и да се грижите за своите сакани. Ви испраќам силна прегратка и се надевам дека ќе се видиме наскоро. Разведрете се“, порача Иглесијас.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Поврзани содржини