Енис Барди ќе биде „жртвено јагне“ на Леванте?

Според написите во медиумите, клубот размислува да продаде неколку подобри фудбалери со цел да се подобри финансиската ситуација, а на таа трансфер-листа наводно ќе се најде и нашиот Барди.

655

Еден од најдобрите македонски репрезентативци, Енис Барди, можно е да остане без клуб поради тоа што Леванте мора да пријави дополнителни 16,5 милиони евра за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј, објавија шпанските медиуми, додавајќи дека токму македонскиот фудбалер ќе биде „жртвеното јагне“.

Според написите во медиумите, клубот размислува да продаде неколку подобри фудбалери со цел да се подобри финансиската ситуација, а на таа трансфер-листа наводно ќе се најде и нашиот Барди.






Изминатиов период, името на Енис Барди се поврзуваше со екипи како Арсенал, Њукасл, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Фенербахче и Галатасарај.

Поврзани содржини