ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС Е БРЕМЕНА Оскаровката го очекува своето прво дете

411

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (31) е бремена, известува порталот „Пејџ сикс“.

За оскаровката и нејзиниот сопруг Кук Маруни (37), ова ќе биде прво дете. Веста за странските медиуми ја потврди нејзината портпаролка.






Џенифер и Кук се венчаа пред две години во Роуд Ајленд по тригодишна врска. Венчавката се одржа во луксузна вила, а се чуваше голема тајна до самиот ден на венчавката.

На церемонијата, меѓу другите, присуствуваа Адел, Ејми Шумер, Крис Џенер и Ема Стоун.

Кук е сопственик на уметничка галерија во Њујорк и ретко се појавува на социјални настани.

 

 

Поврзани содржини