📽️ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЗБЕСНА ПОРАДИ ПРАШАЊЕТО ЗА ПИ ДИДИ! Еве како реагираше пејачката кога ја прашаа за скандалот на нејзиното поранешно момче
Џенифер Лопез е во центарот на скандалот околу нејзината поранешна врска со раперот Шон Комбс, попознат како Пи Диди.
Џенифер Лопез е во центарот на скандалот околу нејзината поранешна врска со раперот Шон Комбс, попознат како Пи Диди, обвинет за сексуално насилство, синџир за проституција и рекет, меѓу другото.
Кога минатиот викенд давала автограми на проекцијата на филмот „Незапирлива“, некој од толпата ја прашал: „Дали имате коментар за Пи Диди и обвиненијата против него?“.
Нејзе тоа многу ја налутило и одлучила да ја напушти просторијата иако обожавателите ја молеле да остане, пишува „Дејли мејл“.
Џеј Ло и Пи Диди беа во врска од 1999 до 2001 година, па дури и беа уапсени заедно. Џенифер дури и заврши во притвор заедно со Диди по пукањето во локал во кој се наоѓаа, а оваа тема повторно стана актуелна откако Диди беше уапсен во септември поради бројни обвиненија за силување, трговија со луѓе и рекет, меѓу другото.
Нивната врска беше доста контроверзна. Поранешниот сопруг на пејачката Ојани Ноа го обвини за пропаѓање на бракот со Џенифер Лопез.
Неодамна се дозна дека Пи Диди организирал оргии на забавите по големите настани како Ем-ти-ви ВМА, каде што се случувале повеќе од бизарни ситуации, но и злосторства како силување, како што е наведено во тужбата.
Пред една забава по која, според зборовите на жената која го тужи раперот, се случило силување, тој бил виден со Џенифер Лопез.
Голем број ѕвезди беа многу блиски со Пи Диди, а судењето на раперот е закажано за мај 2025 година. Бројот на тужби против него расте додека го чека следното рочиште во затворот во Њујорк.